Познатата манекенка (40) се породи и доби ЧЕТВРТО ДЕТЕ: Откриено и ИМЕТО НА БЕБЕТО – зад се се крие ПОТРЕСНА СИМБОЛИКА
Познатата манекенка го доби четвртото дете. Таа ја објави веста на апликацијата Snapchat кооснована од нејзиниот сопруг Иван Шпигел. Миранда Кер (40) роди син кој го доби името по нејзината баба.
„Пресреќни сме поради доаѓањето на нашето ‘Сонце’ . Не би можеле да бидеме повозбудени што ќе го пречекаме нашиот четврти син во семејството. Се чувствувам многу благословена“, напиша Миранда Кер , откривајќи дека момчето се вика Пјер Кер Шпигел.
Бебето, кое е родено на 18 февруари, го добило името по вујкото на Миранда Кер, кој починал од рак во 2021 година, и за кој таа рече дека е камен на семејството.
Модната ѕвезда и нејзиниот сопруг, кои се во брак од 2017 година, ги имаат петгодишниот Харт и четиригодишниот Мајлс. Манекенката и бизнисменка во брак со актерот Орландо Блум има син Флин (13).
Блум е во врска со Кети Пери, со која ја има ќерката Дејзи. И сите тие одлично се согласуваат, давајќи пример за многу слични поранешни парови.