Познатата пејачка почина на 21 година – Двапати ja победила опасната болест, трет пат не успеа

Феј почина во својот дом, опкружена со семејството.

Британската пејачка Феј Фентроу почина на 21-годишна возраст.

Имено, познатата пејачка имала рак, а леукемијата ја победила два пати, на 8 и 13 години. Меѓутоа, во септември 2022 година ѝ бил дијагностициран многу редок тумор на мозокот глиома.

Пејачката почина во саботата, дома опкружена со семејството. Нејзиниот деби албум „DB“ го продуцираше познатиот Дејв Стјуарт, кој ја објави трагичната вест:

„Не можам да опишам со зборови колку бев уништен кога, само откако помина неверојатно креативно време со Феј минатото лето на снимањето на нејзиниот деби албум, Феј откри дека има многу агресивен тумор на мозокот“, рече тој, а потоа додаде:

– Феј беше радост, полна со забава, смеа и остра како брич – вистински уметник во секоја смисла. Бев со неа и ја гледав како работи во студио, тоа се моментите кои никогаш нема да ги заборавам. Имам среќа што ги запознав Феј и нејзината мајка Пем, двете луѓе кои се бореа за нејзиниот опстанок. Беше и трауматично и убаво да се види нивната сила и достоинство, и многу ми е жал што светот можеше да биде сведок на генијалноста на Феј само за толку кратко време. Таа е еден од вистинските великани, хероина во нејзините текстови и мелодии. Ја сакав длабоко – нагласи тој.