Позната босанска пејачка се ожажи за шеик и стана негова 23-та сопруга! Нејзиниот живот целосно се промени, а денес изгледа вака (фото)
Босанската пејачка Алма Туцаковиќ, позната по хитот „Безобразно“, се најде во центарот на вниманието на јавноста кога се омажи за шеик во Дубаи и го започна животот со него како негова 23та сопруга.
Едно време Алма раскажа како дошло до моментот кога се откажала од естрадата и целосно се повлече од јавниот живот, а проговори и за брачните обврски кои ги исполнува.
„Што се однесува до поп музиката, се збогував со неа. Барем една година. Не сакам повеќе да пеам, затоа што се убедив себеси дека има уште еден подобар живот што можам да го изградам. Овде ми е прекрасно. Уживам со мојата пријателка, и редовно си ги исполнувам сите брачни обврски“, изјави таа за босанскиот магазин „Експрес 201“.
Јас сум неговата 23-та сопруга. Ако мислите дека се шегувам, грешите. Всушност, нема да убедам никого во ништо. Мислам дека ќе останам тука до крајот на мојот живот. Дојдов во најбогатата земја на светот и ќе останам таму. Нема да ја заборавам ниту Босна , но ќе живеам овде. Дури сега можам да дишам слободно“, воодушевена рекла Алма.
Се пофалила и со богатството во кое уживала, но иако на почетокот се изгледало како вистинска идила, вистината се покажала поинаква, пренесуваат тамошните медиуми. Се шпекулираше дека шеикот штотуку измислил или дека таа има лутина кон него, па тој престанал да ја задоволува финансиски.
Почнала да посетува школа за шминка и менаџмент во Дубаи, а извесен период работела како менаџерка во фризерски салон. Уште тогаш редовно се фалеше со својот живот во Дубаи и се рекламираше на Инстаграм покажувајќи луксуз и редовни патувања во теретана, но во еден момент едноставно исчезна.
Таа веќе некое време ја нема на социјалните мрежи и никој не знае што прави сега и како живее, а на последната фотографија изгледаше вака: