Позната националноста на туристите кои погинаа во Хургада: Во подморницата имало и деца

На подморницата што потона во близина на брегот на Египет имало повеќе од 40 странски туристи, меѓу кои имало и деца.

Во несреќата загинаа шест лица, од кои четворица руски државјани.

Како што соопшти рускиот конзул во Египет, Виктор Воропаев, повеќето од патниците се спасени и нивните животи не се во опасност.

,,За жал, четворица наши граѓани погинаа“, рече тој.

Тој откри дека несреќата се случила на околу еден километар од брегот околу 10 часот по локално време.

Според извештаите, на подморницата имало 45 туристи од Русија, меѓу кои имало и деца.

Несреќата, според првичните информации, се случила за време на редовна туристичка екскурзија и обиколка на корален гребен во близина на брегот на Хургада.

Засега нема информации како дошло до несреќата.