Познатиот актер откри дека има рак: „Прифаќам ако дојде крајот“ (фото)

,,Има денови кога се чувствувам неверојатно. А потоа има и други денови кога сакам само да легнам и да оставам да биде како што мора“, изјави актерот во својата исповед.

Ѕвездата на „Фул Хаус“, Дејв Кулие, во емисијата „Тудеј“ откри дека му бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом од третата фаза. Тоа е група на малигни заболувања на лимфниот систем, дел од имунолошкиот систем кој ги вклучува лимфните јазли, слезината и лимфните жлезди.

„Се чувствував како да ме удрија во стомакот затоа што мислиш дека тоа никогаш нема да ти се случи. Секогаш слушате дека тоа ќе му се случи на некој друг“, рекол актерот.

profimedia-0934010304.jpg

Болеста ја открил кога почувствувал грутка во препоните, а после тоа почнал со хемотерапија. Сепак, добрата вест е дека ракот не се проширил надвор од лимфниот систем.

„Подготвен сум за секоја вест, без разлика колку е страшна. Имав неверојатен живот. Ги имав најневеројатните луѓе во мојот живот. Тоа беше неверојатно патување и прифаќам ако му дојде крајот “, рече тој, додавајќи:

„Има денови кога се чувствувам неверојатно. А потоа има и други денови кога сакам само да легнам и да дозволам да биде тоа што мора да биде“, рече тој.