ПОЗНАТИОТ ВОДИТЕЛ БРУТАЛНО ГО ИЗВРЕЃА ЧАРЛС: Него и Камила ги нарече ВАМПИРИ, па го пцуеше кралот! По ова нема да смее да влезе во Британија

Би можеле глави да летаат ако контроверзниот радио водител Хауард Стерн некогаш го посети Обедонетото Кралство. Имено, тој во понеделникот во својата радио емисија остро ги осуди новокрунисаниот крал на Обединетото Кралство Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила, нарекувајќи го кралот „пи***ца“, а кралската двојка „вампири“. пренесува Variety.

„Англија мора да се прибере“, рече Стерн.

„Разбирам дека добиваат пари од туризмот, но Исусе Христе. Како прво, кралот Чарлс е пи***. Тоа е број еден. А луѓето се однесуваа на целата церемонија како тој e*eн тип да тргнал во војна да војува или нешто слично“, рекол Стерн.

Хауард Стерн

„Тие рекоа во стил: „Ти се заколнуваме на верност и голем сте воин“. Мислам, целата работа е луда за денешно време“, истакна тој.

Стерн објасни дека неговиот гнев е предизвикан од фактот што Обединетото Кралство моментално минува низ економска криза што е во спротивност со десетици милиони долари потрошени за раскошното крунисување на кралот и кралицата во Вестминстерската опатија , на кое присуствуваа Кети Пери, Лајонел Ричи, меѓу другите и Ема Томпсон. По прославата на крунисувањето, во замокот Виндзор се одржа концерт исполнет со ѕвезди.

„Беше одвратно и ќе ви кажам зошто беше одвратно“, рече Стерн.

„Не треба да си неврохирург за да го кажеш тоа, но Англија има свои економски проблеми и тие потрошија цело богатство на тоа крунисување. .

„Не сум наивен. Разбирам дека открија дека монархијата носи туристи и нешто што луѓето можат да го видат, тоа е дел од туризмот, јас го разбирам сето тоа, не сум наивен. Но, тоа само испраќа погрешна порака“, рече Стерн.

Кралот Чарлс, Камила Паркер Боулс

Стерн не беше задоволен и од шоуто „Американски идол“, во кое имаше крал и кралица покрај Кети Пери и Лајонел Ричи.

„Го гледам „Американски идол““, рече Стерн. „И се појавија двајцата – кралот Чарлс и кралот Камила или како и да се вика. Камила кралицата. Кинг Конг, кој и да си, се појави таму. Беа како две штици, како вампири, укочени. А Кети Пери и Лајонел разговараат со нив.На почетокот мислев дека се картонски кукли“, изјави Стерн.

Да потсетиме дека ова не е првпат Стерн да ги критикува членовите на британското кралско семејство. Тој ги нарече синот на кралот Чарлс, принцот Хари и неговата сопруга Меган, „црни кучки“ по објавувањето на нивниот документарен филм.

„Тоа е како Кардашијан, само досадно“, рече Стерн за документарните серии.