Познатиот гигант призна: Производот предизвикува сериозни болести

Фармацевтскиот козметички гигант Џонсон и Џонсон се согласи да плати 700 милиони долари за да го реши случајот поврзан со, како што рекоа обвинителите, погрешно рекламирање што им наштети на потрошувачите.

Всушност, во нивните реклами за пудра за бебиња, тие рекоа дека е безбедна за употреба, иако содржи талк, за кој се верува дека предизвикува рак и мезотелиом (тумор на тенка, проѕирна, двослојна мембрана што ја покрива и обложува внатре во градите и стомакот).

Случајот опфати 42 американски сојузни држави, а судската постапка ја водеа државните обвинители на Флорида, Северна Каролина и Тексас.

„Ова е голем чекор напред за безбедноста на производите за широка потрошувачка бидејќи Џонсон и Џонсон престана да произведува и пласира производи кои содржат талк што може да се поврзе со сериозни здравствени проблеми“, рече државниот обвинител на Флорида, Ешли Муди.

Минатата година, компанијата престана да ги продава сите свои производи во прав базирани на талк на глобално ниво, заменувајќи го талкот со пченкарен скроб.

Повеќе од 61.000 луѓе поднеле тужби против Џонсон и Џонсон заклучно со 31 март. Компанијата во мај предложи да плати 6,5 милијарди долари во текот на 25 години преку нејзината банкротирана подружница ЛТЛ Менаџмент за да ги реши сите нерешени и идни тужби во САД кои тврдат дека пудрата за бебиња и другите производи на база на талк предизвикуваат рак на јајниците, пишува Курир.