Познатиот идентитет на осомничениот за атентат врз Трамп, се криел во грмушките кога го нашле агентите на. тајната служба
Светските медиуми јавуваат дека е познат идентитетот на осомничениот за обидот за атентат врз кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, а се работи за Рајан Весли Рут.
Според последните информации тој е уапсен. Што се однесува до осомничениот, неговиот син го опиша како „грижлив, љубезен татко“ во изјава за Си-Ен-Ен. Тој изјави и дека не е човек кој би направил такво нешто.
Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот.
Полицијата се уште е присутна пред меѓународниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич, додека патот останува затворен девет часа по инцидентот, според Си-Ен-Ен.
„Од полицијата дознаваме дека бил многу мирен. Не покажувал никакви емоции“, јави дописникот на Си-Ен-Ен.
Осомничениот го чекаше Трамп, изјави Дејв Аронберг, адвокат на Палм Бич.
Тој наведува и како агентите на Тајната служба забележале 58-годишен маж како се крие во грмушките, а според него, напаѓачот нишанал кон нив и агентот пукал во него. Наводно, Трамп бил оддалечен од 300 до 400 метри од напаѓачот.
Белата куќа, исто така, објави дека за инцидентот биле информирани претседателот Џо Бајден и потпретседателот и кандидат за претседател на САД, Камала Харис.