Познатиот фудбалер јавно се откажа од ќерката: Откри како заработува 100.000 евра месечно

Поранешниот играч во Премиер лигата, Дејвид Дан, ги прекинал сите контакти со својата ќерка Миа, откако открил како таа заработува.

Поранешниот фудбалер на Блекбурн Роверс, Дејвид Дан , со повеќе од 250 настапи во Премиер лигата, ги прекина сите контакти со својата ќерка Миа Винвард-Дан, откако откри дека таа 
заработува повеќе од 100.000 евра месечно на OnlyFans .

Миа, која сега има 19 години, се најде на насловните страници во Велика Британија откако во интервју за The Sun откри дека нејзиниот однос со нејзините родители – Дејвид и актерката Семи Винворд – целосно се распаднал кога дознале дека таа создава содржина на платформа за возрасни.

„Тато ме нарече телефонска проститутка“

Миа тврди дека заработува и до 100.000 евра месечно од нејзината содржина, но тој успех ја чинел врската со нејзините родители.

Се обидов да им објаснам на моите родители, но тие ме навредуваа и ми го блокираа бројот“, рече таа. 

“Татко ми ме нарече телефонска проститутка. Веќе немам никаков контакт со него. Срамота е тоа што го прават”, додала Миа.

И покрај тешките зборови, Миа инсистира дека сепак сака да ја поправи врската.

“Им испратив порака, им се извинив и им објаснив дека немам лоши намери. Ги сакам моите родители. Можеби тие не ме сакаат мене, но јас ги сакам со целото мое срце”.

“Мислам дека не е правилно да се отстрани член од семејството и да се навредува. Имам само 19 години – само што го започнувам животот”, рекла Миа.

Инаку, Дејвид Дан своевремено важеше за еден од најдобрите таленти од средниот ред во англискиот фудбал. Во Премиер лигата забележа 251 настап и постигна 37 гола, најмногу за Блекбурн Роверс, каде го освои Лига Купот во 2002 година.

Откако се пресели во Бирмингем Сити во 2003 година, повредите го забавија неговиот напредок, а на крајот се врати во Блекбурн во 2007 година.

Тој и актерката Семи Винворд, позната по улогата во Емердејл, се верија и се роди нивната ќерка Миа. Ден има уште три деца со неговата сопруга Хејли.