Познатиот фудбалски инсајдер откри нови информации! По солзите на Роналдо стигна потврда: Еве каде ќе игра Португалецот следната сезона!
Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо открива дека Кристијано Роналдо и следната сезона ќе остане во Ал Наср.
Претходните денови многу се шпекулираше за враќање на славниот Португалец во Европа. Се шпекулираше дека може да го облече дресот на Леверкузен, но ништо од тоа. Сепак, Роналдо останува во Саудиска Арабија.
По болниот пораз во финалето на Купот на кралот, тоа го потврди и извршниот директор на Ал Наср, Гвидо Фиенга.
„Извршниот директор на Ал Наср, Гвидо Фиенга потврди дека Кристијано Роналдо ќе остане во клубот и следната сезона. Нема сомнеж, нема промена на планот за португалската ѕвезда“, напиша Романо на социјалната мрежа „Х“.
Роналдо оваа сезона не успеа да подигне трофеј во Саудиска Арабија бидејќи Ал Хилал ја освои двојната круна.