Познати личнсти кои се извлекле од канџите на сектите: Ги малтретирале, принудувале да живеат без храна и вода…

Многумина се фасцинирани од животот на светските ѕвезди и сакаат да знаат нешто повеќе за некој актер, актерка или друга позната личност на која и се восхитуваат. Но, ако се слушнат животните приказни на славните ќе видиме не секогаш правеле правилен избор животот. Има многу познати личност кои биле дел од култови или биле поврзани со секти и нивните водачи.
Не е секогаш лесно да се знае кога сте во култ, особено на почетокот. Некои од славните личности станаче вистински плен на харизматични лидери на култови и секти, кој знаеле како „да им влезат во главите“. Секоја од овие приказни изгледа изненадувачка и понекогаш предизвикува неверица.

Винона Рајдер

Актерката Винона Рајдер имала само седум години кога почнала да живее во комуната „Виножито“ во Калифорнија. Таму поминала три години со семејството, а заедно со уште седум семејства живееле на 300 хектари земја.
Немале струја и се труделе да бидат независни од надворешниот свет и сами да произведат се што им е потребно за да живеат.
Големо влијание врз актерката во тој период имал нејзиниот кум Тимоти Лири, познат поборник за користење на една од најсилните халуциногени дроги ЛСД. Без пристап до телевизија, Винона станала страствен читател и развила интерес за глума кога нејзината мајка и покажала неколку филмови на екранот во семејната штала. Тогаш решила да ја напушти заедницата.

Хоакин Феникс

Познатиот актер израснал во култ, а неговиот помлад брат Ривер починал пред негови очи на 23-годишна возраст, откако се предозирал. Кога се роди Хоакин, неговото семејство живеело во Порторико, а родителите му биле приврзани за контроверзното христијанско движење, кое се нарекува „Божји деца“.
Во меѓувреме сфатиле дека водачот на црквата е лош човек, па се вратиле во САД и го смениле презимето. Наводно, според некои тврдења, во тој период дури и сексуално ги злоставувале своите деца, бидејќи оваа религија проповеда интимни односи меѓу возрасни и малолетни лица.

-,,Никој со такво минато не може да излезе нормален”, го коментираш живот на Феникс еден од режисерите со кои соработувал оскаровецот.

Мишел Фајфер

Кога Мишел Фајфер дошла во Лос Анџелес имала 20 години и паднала под влијание на дојка која се залагала за верувањето дека треба да се живее без да се консумира храна и вода. Според нивното верување, телото ги добива сите потребни материи од сончевата светлина. Актерката се согласила да ја користи оваа не толку здрава „диета“.

Се извлекла од овој култ дури кога со Питер Хортон, кој подоцна стана нејзин сопруг, добиле улоги во филмот „Moonies“, чија тематика се култови.
Фајфер еднаш изјави дека додека истражувала материјал за филмот со Питер, во еден момент само и „кликнало“ и сфатила дека и таа е во култ.

-,,Се обидоа да контролираат сè што правам во животот. Не живеев со нив, но поминавме многу време заедно. Покрај тоа, морав да плаќам и за времето што го поминав со нив. Тоа сериозно се одрази на мојот буџет”, изјави Фајфер.

Џон Ленон

Вегетаријанскиот ресторан „The Source“ е отворен во Лос Анџелес далечната 1969 година. Сепак, тој не бил само ресторан за органска храна, туку и центар на култот „Изворно семејство“ предводен од Џим Бејкер, познат како „Отец Јод“. Облечени во бели наметки, следбениците на култот често го послужувале Ленон со органски оброци.


Тој често доаѓал во ресторанот каде разговарал со келнерките кои биле членови на култот и имале задача да привлечат нови членови. Култот бил особено популарен кај познатите личности кои барале вегански алтернативи.
Но, со овој култ е поврзан и контроверзниот живот на водачот. Пред неговата смрт во 1975 година во несреќа со едрилица, Бејкер имал дури 14 жени. Тој наводно убил двајца мажи со голи раце. Култот успеал да придобие 150 следбеници. Во тоа време, многумина го поистоветуваале „Изворно семејство“ со култот на Чарлс Менсон од Калифорнија, наречен „Семејството Менсон“.

Овој култ познат во доцните 60-ти години на минатиот век откако негови членови извршија низа насилни злосторства по наредба на Менсон. Најозлогласено меѓу нив беше масовното убиство во Лос Анџелес во 1969 година, при што беше убиена и познатата актерка Шерон Тејт. Менсон и неговите следбеници за овој настан беа осудени на смрт или затворски казни.

Глен Клоус

Кога Глен Клоуз имала седум години, кога нејзините родители станале членови на меѓународен култ чие главно верување било дека промената на светот започнува од поединецот. Глен и нејзините браќа и сестри биле испратени да живеат во седиштето на култот во Швајцарија и останале таму две години, додека нивниот татко бил во Африка.

Том Круз

Скиентологијата или Сајентологијата е една од најпопуларните религиозни секти во Холивуд, која проповеда дека луѓето се бесмртни духовни суштества и дека ја заборавиле својата вистинска природа. Членовите на сектата веруваат дека душите се реинкарнираат и дека живееле на други планети пред да дојдат на Земјата. Најпознат припадник на оваа секта е Том Круз, а неговата колешка и поранешната членка Леа Ремини, вели дека едвај излегла од неа.

  • Круз е избран. Со своето битие „ја чисти и ја спасува планетата“ од злото. Така нè учеа таму. Само тој би можел да ја уништи Скиентологијата, но токму затоа сите работат толку напорно околу него, претворајќи го во божество за да не ги предаде, изјави Ремини во една прилика по напуштањето на сектата.
    Скиентологијата беше причина и за раскинувањето на Крус со Кејти Холмс, која не сакала нивната ќерка да биде воспитана во согласност со овие верувања.

Елвис Присли

Во потрага по поголема духовност, Елвис Присли стана приврзаник на култот ,,3дружение за самореализација на Свами Парамаханса Јогананда”, кој потекнува од Индија. Елвис на крајот се спријателил со „мајката“ на движењето, Шри Даја Мата. Наводно, едно од прашањата што и’ го поставил Елвис било „Зошто Бог ме направи Елвис Присли?“

Лиза Мари Присли

Лиза Мари Присли, исто така, била дел од скиентолошката заедница, како и нејзиниот татко Елвис Присли. Откако реши да го напушти овој култ, пејачката „ја отвори душата“ во интервју за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

  • Полека станував деструктивна, поточно самодеструктивна и не знаев од каде доаѓа тоа. Кога сфатив, бев очајна. Не ме советуваа добро. Ми ја зедоа душата, парите, сè, раскажа Лиса, која почина неодамна.