Познат кувар откри кое јадење никогаш не го нарачува во ресторан: “Ако келнерот ви го препорача ова, прашајте го само едно прашање“
Познатиот готвач Гордон Ремзи е тешко да се задоволи и измами. Познат по својот остар јазик кој никого не остава рамнодушен и со десетици ресторани и седум Мишелин ѕвезди, откри кое јадење никогаш не го нарачува во ресторан. Тоа е супата на денот, која келнерот ќе ви ја препорача во 90 проценти од случаите.
„Рестораните често ја користат старата храна и ја претставуваат како специјалитет“, објаснува Гордон Ремзи за Town & Country.
Како што вели, ако келнерот ви ја понуди дневната супа, најдобро е да му поставите едно прашање и ќе знаете што е тоа.
„Прашајте која беше вчерашната супа на денот, пред денешниот специјал. Може да се случи да биде супа на месецот“, предупредува готвачот и додава дека покрај ова прашање често бара препорака од келнерот.
„Навистина зависи од ресторанот, но келнерите обично ги пробуваат повеќето јадења од менито и можат да ви дадат увид во тоа што додава готвачот или што сакаат локалните жители. Патувајќи, добив многу одлични препораки од келнери“, вели Гордон Ремзи.