ФОТО | Загрижената Камила го посетила својот сопруг два пати во ист ден: Кралот Чарлс III беше опериран, а изразот на лицето на кралицата кажува се

Кралот Чарлс III во петокот беше опериран на простатата во приватна болница во Лондон.

Операцијата била успешна и кралот се чувствува добро, а придружуван бил и од неговата сопруга Камила, која во петокот дошла со него во болница.

Камила Паркер Боулс

По процедурата Камила со насмевка ја напуштила болницата, а на медиумите им открила како е кралот.

Тој е добро, ви благодарам многу, тој со нетрпение чека да се врати на работа“, изјавила лусо Камила, која подоцна истиот ден повторно го посетила својот сопруг односнот кралот.

Папараците ја снимиле во автомобилот што го возела до болница околу 18 часот и 30 минути, а таа ја напуштила болницата нешто пред 20 часот.

За потсетување, кралот Чарлс беше опериран поради зголемена простата, бенигна состојба која е честа кај мажите постари од 50 години, а тој има 75 години. Тој излезе во јавноста со своите здравствени проблеми за да ги охрабри другите да ја проверат нивната простата.