Познат рапер обвинет за силување туристка: Ја нападнал девојката по настапот, неговата реакција по апсењето ги шокираше сите (фото)
Британскиот рапер и ѕвезда на Јутјуб Јанг Фили е обвинет за силување на турист во Магалуф.
29-годишниот рапер е под истрага за наводен сексуален напад што се случил во хотел. Андрес Фелипе Валенсија Бариентос, неговото вистинско име, се изјасни за невин во австралискиот главен град Перт, по осум обвиненија за наводно силување во септември минатата година.
Раперот, кој има 1,82 милиони претплатници на неговиот канал на Јутјуб и милиони следбеници на Инстаграм и ТикТок, беше виден за првпат по пет месеци на 11 март како го напушта судот со кауција од 48.500 фунти. Јутјуберот беше обвинет од турист дека ја принудил на сексуален чин во неименуван хотел, по неговиот настап во одморалиштето на островот.
Девојката, за која се верува дека има околу 20-тите години, го пријавила во полиција во Британија и деталите од наводите им ги пренела на колегите во Шпанија. Таа ја обвини ѕвездата дека непримерно ја допирал во клубот, пренесува Дејли Мејл.
Туристката и’ рекла на полицијата дека наводниот сексуален напад се случил откако таа имала консензуален сексуален однос со еден од пријателите на Бариентос во хотелска соба. Според нејзините зборови, таа го придружувала мажот до собата на раперот пред таа и силувачот да останат сами заедно.
Британските власти стапиле во контакт со шпанската цивилна гарда, која ги предала деталите за наводите до истражниот суд во Палма. Судската истрага на Мајорка се води зад затворени врати, како што е вообичаено во Шпанија каде што само судењата се одржуваат јавно. Наводниот инцидент се случи на 28 септември минатата година, откако заврши настапот во ноќниот клуб Барт во Перт.
Раперот Јанг Фили беше уапсен во Бризбејн и екстрадиран во Перт. Излегувајќи од судницата, ноншалантно им рекол на новинарите:
„Уживам во временската прогноза, убав ден е“, а потоа влегол во својот автомобил без дополнителни коментари.