Познат сериски убиец пронајден мртов во затвор: Теодор Качински сееше страв речиси 20 години! Злобниот гениј убиваше само професори!!! (фото)
Серискиот убиец Теодор Качински, познат како Unabomber, починал во затвор, пренесува AP.
Озлогласениот сериски убиец, Качински, бил пронајден мртов околу 8 часот наутро во федерален затвор во Северна Каролина. Причината за смртта засега не е позната.
Качински беше префрлен во затворска медицинска установа во Северна Каролина откако помина две децении во затвор во Колорадо поради серија бомбашки напади насочени кон научници.
Теодор Џон Качински е роден на 22 мај 1942 година во Чикаго, каде уште од мали нозе се истакнал како чудо од дете. На тест за интелигенција во петто одделение тој имал коефициент на интелигенција 167.
На 16-годишна возраст бил примен на Харвард, таму дипломирал, а потоа докторирал по математика на Универзитетот во Мичиген. Тој стана асистент во Беркли на 25 години, но се откажа две години подоцна.
Од 1978 до 1995 година, Качински испратил 16 пакет бомби на адреси на универзитети и авиокомпании, при што загинале тројца, а раниле 23 лица.
Качински испрати писмо до Њујорк Тајмс на 24 април 1995 година и вети дека ќе се откаже од тероризмот доколку Тајмс или Вашингтон пост го објават неговиот манифест „Индустриското општество и неговата иднина“.
Тој тврдеше дека неговите бомбардирања се навистина екстремни, но и неопходни за да се сврти вниманието кон колапсот на човековите слободи поради потребата од модерни технологии за кои е потребна голема организација.
ФБИ се залагаше за објавување на манифестот на Качински, по што се огласи неговата снаа, а потоа и нејзиниот сопруг, братот на Теодор, кој ги препозна неговите верувања и стилот на пишување и го пријави во полиција.
Тој беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.