ПОЗНАТ СКИЈАЧ ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И УДРИЛ ВО ОГРАДАТА! Останал да лежи беспомошно на патеката, дошол ХЕЛИКОПТЕР да го земе! ВОЗНЕМИРУВАЧКО

Александер Амод Килде без никакво сомневање е еден од најдобрите скијачи на денешницата, но овој Норвежанец нема да го памети со задоволство спуштањето во Венген, бидејќи имаше страшна несреќа.

Имено, Александар во еден момент изгубил контрола, по што паднал, а заштитната ограда успеала максимално да го ублажи падот.

Кога застанал, 31-годишниот скијач останал неподвижен, а медицинската служба веднаш интервенирала. Поради несреќата трката беше прекината на половина час, додека Килд со хеликоптер беше префрлен во болница.

Александар е шампион на Светскиот куп во 2020 година, а освои и два мали кристални глобуси во спуст и исто толку во супервелеслалом.