ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ПОРНО АКТЕР !? Поранешниот негов тренер откри што го чека одличниот напаѓач по кариерата
Артјом Џуба би можел да се испроба во порнографија по завршувањето на фудбалската кариера.
Оваа смешна шега Миодраг Божовиќ ја кажа во интервју за рускиот спортски веб-портал Sport24, а темата беше Артјом Џуба, руски фудбалер. Познато е дека тој и Артјом Џуба се во одлични односи, бидејќи заедно соработуваа во Арсенал Тула. А, Миодраг Божовиќ веројатно алудираше на експлицитното видео на Артјом Џуба од пред три години, кое се појави на социјалните мрежи.
Миодраг Божовиќ имаше топли препораки и за Артјом Џуба, кога лани се зборуваше за негово евентуално доаѓање во Србија односно Црвена Ѕвезда.
Кога новинар од Sport24 го прашал Миодраг Божовиќ што ќе прави напаѓачот Артјом Џуба по пензионирањето, тој низ смеа одговорил:
„Се може да се случи. Никој не може да одговори на ова. Можеби ќе се проба во порнографијата“.
Артјом Џуба беше главниот актер на големиот скандал есента 2020 година, кога на социјалните мрежи се појави снимка како мастурбира. Водителката Марија Орзул првично беше обвинета за појавата на експлицитни интимни сцени во јавноста. Подоцна се испоставило дека Русинот тој ден бил во собата со Наталија Веретеникова, со која во тоа време се забавувал.
Поради тој скандал, Артјом Џуба беше исфрлен од руската репрезентација.