„Покер“ на Халанд за Сити на чекор до титулата

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Вулверхемптон со 5:1 во 36. коло од англиската Премиер лига.

Огромни фаворити беа Граѓаните, што целосно го оправдаа тоа, пред сè благодарение на феноменалниот Ерлинг Халанд.

Норвежанецот ги доведе домашните во водство во 12. минута, кога реализираше пенал. Халанд повторно постигна гол во 35. минута по асистенција на Родри, а во третата минута од судиското надополнување постигна хет-трик со својот втор гол од пенал на натпреварот.Ерлинг Халанд

Волвс успеа да намали преку Хванг во 53. минута, но во следниот напад на Сити, Халанд повторно ја погоди мрежата.

Уште тогаш беше јасно дека Сити ќе слави, а победата до крајот ја комплетираше Јулијан Алварез со гол во 85. минута.

Со оваа победа Сити се доближи до Арсенал на првото место, а е на втората позиција со 82 бода, само бод помалку од Топџиите. Треба да се напомене и дека Граѓаните имаат и натпревар помалку, а сè уште имаат сè во свои раце, на две кола пред крајот на првенството.

Од друга страна, Волвс се 11. на табелата со 46 бодови.