Покрај Иванка Трамп, ретко кој ја забележал невестата; „Не ти е доволно што сите те гледаат …“ 

Свадбата на наследникот на познатото милијардерско семејство Анант Амбани и неговата свршеница Радика Мерчант моментално е главниот настан во Индија.

Со оглед на тоа што оваа празнична манифестација трае три дена, тамошните медиуми ги пренесуваат настаните од минута во минута. На свадбената церемонија присуствуваа многу познати ѕвезди, а овој настан не го пропушти Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Иванка Трамп на својот официјален профил на Инстаграм објави фотографии од тридневната прослава, а нејзините гламурозни изданија беа или пофалени или критикувани.

И додека многумина ѝ завидуваа на нејзиниот златен и сребрен фустан и сари стил (традиционална индиска носија), други ја критикуваа за нејзината друга облека.

Имено, Иванка позираше во бел комплет, изработен од бела тантела. Сепак, нејзиниот моден избор предизвика лавина негативни реакции.

„Бела чипка на туѓа свадба, навистина?“, „Не е твоја свадба, зошто носиш бело?“, „Не можеш да се заситиш од сите што те гледаат, па мораш да ја засениш невестата“, се само некои од коментарите.