Порталот „Политико“ од Брисел пишува дека Радмила Шеќеринска е кандидат за заменик генерален секретар на НАТО.
Во текстот објавен со наслов „Првата задача на Марк Руте во НАТО е да најде жена која ќе му биде десна рака“, пишува дека Шеќеринска и Марија Габриел од Бугарија се најсериозните кандидати за негов заменик.Неговиот сегашен заменик Мирчеа Џоана, кој е на оваа функција од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на претседателските избори во Романија, изјавија за Политико претставници на НАТО, пренесува ТВ21.Највисокиот дипломат на НАТО од Западна Европа рече дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека некој од Источна Европа треба да го замени Рутен.
Во фокусот на разговорите во седиштето на НАТО се двајца функционери, од Северна Македонија и Бугарија, две балкански земји кои некогаш до крајот на Студената војна беа под контрола на Советскиот Сојуз, пишува Политико. Шеќеринска одби да ги коментира овие информации.