Политичар во Косово удри минувач затоа што го нарече „лажго“ додека даваше интервју (видео)

Вчера во Косово се случи инцидент помеѓу претставникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и граѓанин од дијаспората.

Имено, додека Земај давал интервју на новинар, му се приближил минувач и го нарекол „лажго“. Земај решил агресивно да реагира на таков испад, при што удрил минувач.

На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа моментот кога Земај дава интервју на плоштадот и се слуша како граѓанин што минува покрај него вели „сите сте лажговци“ и „лажете“.

Земај потоа одговорил: „Кого лажеш?“ и кога минувачот се приближил, решил да го удри.

По настанот, Арменд Земај јавно реагираше преку објава на Фејсбук, каде што изрази жалење и се извини за својата реакција.

„За време на јавно интервју, се случи непријатна ситуација, за која искрено жалам. Еден граѓанин, не знам дали случајно или намерно, ме навреди и вербално ме провоцираше со неприфатливи зборови, пред медиумите и новинарот кој беше на интервјуто. Во тој момент, реагирав во самоодбрана во емотивна состојба, што не ги претставува моите лични убедувања ниту принципите што ги претставувам како претставник и како член на ДСК. Во овие случаи, без оглед на провокацијата, насилството во која било форма не е вистинскиот одговор. Зашто жалам за оваа постапка и јавно се извинувам“, напиша тој.

Косовската полиција потврди дека се случил инцидентот.

Инцидентот предизвика и бројни реакции во јавноста. Меѓу првите реакции беше и Демократскиот сојуз на Косово, кој остро го осуди нападот врз својот претставник, опишувајќи го како „директно кршење на институционалното достоинство и демократската култура врз кои е изградена државата Косово“.