ПОЛИТИЧАР ЗАСТРЕЛАН ДИРЕКТНО ВО ЛИЦЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА МАДРИД – Полицијата блокирала се, но напаѓачот сепак побегнал
Шпанската полиција соопшти дека политичарот Алехо Видас Квадрас (78 г.) бил застрелан директно во лицето денес во Мадрид, пренесува медиумската агенција Reuters.
Алехо Видас Квадрас е поранешен лидер на партијата Шпанија во Каталонија, а тој беше и потпретседател на Европскиот парламент од 1999 до 2014 година.
Тој бил застрелан денес околу 13 часот и 30 минути по локално време во центарот на шпанската престолнина и веднаш бил пренесен во болница, но залудно.
Полицијата веднаш блокирала се и го опколила местото на злосторството. Не е познато кој пукал во шпанскиот политичар, а во тек е потрага по мотоциклист за кој се сомнева дека има врска со пукањето.