Политичкото аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје го посети Бошњачкиот демократски сојуз (БДС).
На состанокот присуствуваа претставници од Амбасадата на САД, Заменик шеф за политички и економски оддел и политички асистент, а од Бошњачкиот демократски сојуз присуствуваа претседателот на партијата Мунир Колашинац и членот на извршен одбор Елдан Џигал.
БДС на состанокот ја изрази благодарноста за посетата и ја информираше делегацијата на Амбасадата на САД за досегашните активности, достигнувања и предизвици со цел подобрување на статусот и положбата на Бошњаците во Северна Македонија, но и активности со цел подобрување на животот на сите граѓани во мултикултурното општество.