Во куќа во Клетбах, германската полиција пронашла родители и деца мртви во куќата со прострелни рани.
Имено, во раните утрински часови полицијата пронашла тела на четворица членови на семејството во куќа во Клетбах, Германија, од кои сите биле пронајдени со прострелни рани, пренесува Феникс.
Полицијата била повикана во куќа во Клетбах, каде утрото биле пронајдени телата на четири лица. Според информациите од државното обвинителство во Ерфурт, се работи за членови на едно семејство.
Според соопштението, 49-годишниот татко бил припадник на државната полиција на Тирингија.
Како што пренесува Билд, 49-годишникот прво ги убил сопругата и децата, а потоа и себеси.
Првиот повик дојде во 6:30 часот во полициската управа. Кога полицајците пристигнале на локацијата, пронашле мртви тела. Покрената е истрага за причините за смртта, а ќе биде извршена обдукција. Полицијата и специјалните единици го обезбедуваа местото на настанот, но засега не соопштуваат детали за околностите на трагедијата.
Градоначалничката на Клетбах, Франциска Хилдебранд изјави дека сите се во шок, особено поради фактот што децата се добро интегрирани во локалната заедница. Во блискиот хотел е отворен и советувалиште за психолошка помош.
Инаку, Клетбах е село со околу 1.300 жители, на околу 15 километри од главниот град Ерфурт.