Тројца полицајци се на платен одмор
Полицајците во Ново Мексико застрелале маж, а потоа сфатиле дека се на погрешна адреса.
Тројца полицајци од полицискиот оддел Фармингтон, на северот на оваа американска држава, одговориле на повикот за семејно насилство и отишле на 5308 Valley View Avenue.
Иако го прашале диспечерот дали се на точната адреса, тие се нашле пред куќата со број 5305. И покрај грешката, продолжиле да удираат на вратата, која потоа ја отворил Роберт Дотсон .. Тој го вперил пиштолот кон нив, а сите тројца полицајци возвратиле.
Дотсон бил убиен на местото на настанот.
Една минута подоцна на вратата се појавила сопругата на Дотсон, а и тогаш пукањето не престанало. Полицијата соопшти дека таа пукала во нив.
Тројца полицајци се на платен одмор додека трае истрагата.
– Сакаме да изразиме сочувство до семејството Дотсон, а како началник на полицијата сакам да истакнам колку ни е жал што се случи оваа трагедија – изјави Стив Хеб.
Полицијата објави снимка од инцидентот.