ПОЛИЦАЈЦИ СО НЕОБЕЛЕЖАНИ ВОЗИЛА МОЖАТ ДА ‘ЛОВАТ’ ВОЗАЧИ НА ПАТИШТАТА – Воведени се нови построги казни во сообраќајот во оваа земја

Од 1 август во Бугарија стапија на сила нови, построги правила за сообраќајот. Една од најголемите промени е тоа што полицајци во необележани возила ќе можат да запираат и казнуваат возачи – но само ако носат униформи.

 Прекршување на брзина

  • Ако ја надминете дозволената брзина за повеќе од 40 км/ч, може да ви биде одземена возачката дозвола на 2 месеци и казна од 600 лева (300 евра).
  • За повторно одбивање тест за алкохол/дрога – казна од 5000 евра.

Алкохол и дрога зад волан

  • Ако одбиете тест после сообраќајна несреќа, ве чека затвор до 1 година и казна од 1200 евра.
  • Казните за пијани или дрогирани возачи сега се од 500 до 2500 евра.

Просечна брзина и камери

  • Нов систем мери просечна брзина преку камери на патарини.
  • Општинските камери исто така ќе детектираат прекршоци, а половина од казните одат во буџетот на општината.

Тротинети и скутери

  • Смеат да ги возат само лица над 16 години, со кацига и осигурување.
  • Казни: од 25 евра за без кацига, до 250 евра за родител кој дозволува дете да вози.

Нови ограничувања на брзина

  • Во населени места: до 50 км/ч (во близина на училишта и паркови – 20 или 30 км/ч).
  • На автопати: останува 140 км/ч.
  • На експресни патишта: 120 км/ч.
  • Надвор од населени места: до 90 км/ч.

Останати казни:

  • 1000 лева (500 евра) за возење по лента за итни случаи,
  • 150 лева (75 евра) за минување на црвено,
  • 100 лева (50 евра) за непочитување на знак СТОП или пешачки премин,
  • 50 лева (25 евра) за неправилно паркирање.

Нови правила за возачки дозволи

  • Категорија Д (автобуси) ќе може да се добие без претходна категорија Ц.
  • Категорија Б (автомобили) ќе може да се добие со 17 години, но со возење под надзор до 18 години.

Регистрација на возила

  • Ќе не можете да регистрирате возило ако не се платени сите сообраќајни казни.

Патарини и еко-категории

  • Ќе има еднодневни вињети за автомобили (по 6 месеци од објавата).
  • За камиони, патарината ќе се пресметува според еко категорија – поголемо загадување, повисока цена.