Поради незаконско сечење дрвја, извршена е голема полициска акција на местото викано Рамино на Скопска Црна Гора, се уапсени 10 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Уапсените се на возраст од 22 до 51 година.
Во акцијата запленети се 400 кубни метри исечено огревно дрво.
На местото се пронајдени и 4 возила натоварени со огревно дрво, три електрични моторни пили и други предмети кои служеле за сечење дрвја.
За понатамошна истрага се подигнати возила, дрвја и други работи, а лицата се задржани во полициска станица и со нив е извршен службен разговор“, информираат од МВР.