Случајот со двајцата полицајци во Штип тргна во поинаква насока отколку што првично изгледаше. Киднапираната жена е 21-годишна штипјанка, вработена во штипската полиција со иницијали М.С., додека таа била киднапирана од нејзиниот колега вработен во Полициската станица Кочани, Ј.Н., кој со помош на друга жена ја киднапирал 21-годишната колешка, ја однел во населба во Штип, употребил физичка сила врз неа и го снимал целиот инцидент.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14.09.2025 година во 07:50 часот, полициски службеници од СВР-Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н. (28) од Кочани, која е исто така полицаец.
Двете девојки се колешки во Министерството за внатрешни работи. Причина за овој драматичен инцидент, според првичните информации, се љубовните проблеми на киднаперот, што довело до напади врз нејзината колешка. Министерството за внатрешни работи информира дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.