– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 13.00 часот на територијата на земјава спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што санкционирани се 42 возачи. За време на контролата санкционирани се и 186 други видови на сообраќајни прекршоци, соопшти МВР.
Воедно oд Министерството за внатрешни работи најавуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли. Тие апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.