ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА ПУКА ВО СОПСТВЕНОТО КУЧЕ – Кучето трагач го нападнал својот водач за време на акција, не успеале да го смират и морале да го ликвидираат

Полициско куче било застрелано откако го нападнало неговиот водач при потрага по исчезнато лице.

Џекс, 6-годишно куче кое служело во полицијата во Ланкашир повеќе од пет години, било застрелано откако неговиот водач претрпел сериозни повреди на ногата. Полицијата соопштила дека полицајците биле принудени да го убијат кучето откако тоа станало агресивно за време на потрагата по исчезнато лице во село во близина на Престон, Ланкашир, во четвртокот наутро.

Џекс било специјално обучено куче да наоѓа луѓе во вода.

Претходно ова куче има откриено криминалци кои се криеле во канал, а во 2020 година бркало пијан возач кој избегал од местото на сообраќајна несреќа откако удри автомобил. Минатата година ова куче помогнало да се најде млада жена која исчезнала во планински венец.

Минатиот јули, Џекс фатил осомничено лице за опасно возење, кој се криел во грмушки од полицијата.

Неговиот водач се здобил со тешка повреда на надколеницата и останува на лекување во болница. Полицијата соопшти дека полицајците се обиделе да го задржат Џекс, но не успеале.

Обидите за задржување на кучето не успеаја и со оглед на континуираната закана кон повредениот полицаец и другите вооружени полицајци кои патролираа пукаа во Џекс“, соопштиле од полицијата, пренесуваат медиумите.

Не беше лесна одлука, но полицијата е должна да реагира онаму каде што е потребно и пред да биде предизвикана дополнителна повреда, било да е тоа на полицајци или граѓани. Никогаш не би ставиле никого на ризик од дополнителна штета“, соопштиле од полицијата, кои додаваат дека инцидентот ќе биде разгледан во догледно време.

Полицијата соопштила и дека исчезнатото лице подоцна било пронајдено живо и здраво.