ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА ЧОВЕК ВО ЛОКВА КРВ: МУ НЕДОСТИГАЛ ПОЛОВИОТ ОРГАН, а кога ќе слушнете за КОГО се сомневаат, НЕМА ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО!

Човек од Германија се здобил со страшни повреди, а се сомнева дека неговиот миленик, кучето Џек Расел, му го одгризал пенисот и потоа го изел.

Соседите повикале полиција во вторникот рано наутро поради непрестајното лаење на кучето околу 2 часот по полноќ.

По пристигнувањето во домот во Херне, северозападна Германија, полицајците слушнале болно стенкање. Потоа ја скршиле вратата и пронашле 66-годишен маж и неговото куче.

Полицијата набрзо сфатила дека животот на мажот е во опасност и итно бил пренесен во болница.

Како што пишува германски Билд, досега на местото на настанот не се пронајдени ниту пенисот на мажот, ниту „инструментот“ со кој е извршено злосторството.

И жртвата не можела сама да дава информации поради нејзината состојба.

Според официјалните лица, најверојатната хипотеза што се разгледува е дека кучето е причина за повредите на човекот.

Првиот главен инспектор Френк Леманис изјави за Билд дека човекот бил ставен во индуцирана кома по пристигнувањето во болницата.

Џек Расел, Борис Џонсон, кучето на Борис Џонсон

„Се разбира, една хипотеза е дека кучето, кое е со големина колку Џек Расел териер, го одгризало пенисот и го изело. Раната може да е и од каснување, но можно е да е несреќен случај или кривично дело“, рече тој.

Иако инцидентот се случил во понеделникот вечерта, полицијата дури сега ги открила деталите од ова бизарно злосторство.