ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИВА ПОТРЕСЕН МОТИВ – Полицаец во пензија од Подгорица си ги убил сопругата (50 г.) и синот (13 г.), а потоа сам си пресудил

Пензиониран полицаец М.Д. (52 г.) синоќа во Толоши, Подгорица ги убил сопругата В.Д. (50 г.) и синот Ѓ.Д. (13 г.), по што и самиот си пресудил, пренесува Vijesti.me.

Според веб-порталот, трагедијата се случила половина час по полноќ. М.Д ги застрелал сопругата и синот до смрт.

Во полициското соопштение се наведува дека М.Д е нивен вработен во пензија, додека сопругата В.Д. бил воспитувачка.

Државниот обвинител на Вишото државно обвинителство во Подгорица изврши увид на лице место со учество на балистички експерти и Одделот за безбедност на Подгорица. Според засега достапните информации, пиштолот кој бил употребен како средство за извршување на ова кривично дело бил во приватна сопственост. Пронајдени се уште две огнени оружја за кои полицијата ќе утврдува дали биле легално поседувани“, се вели во полициското соопштение.

Оттаму додаваат дека се сомневаат дека мотив за извршување на ова дело е насобрана состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството – момчето кое беше лишено од живот.