Под мотото „Биди горда што возиш безбедно“ СВР Тетово реализираше превентивно-информативна активност по повод Меѓународниот ден на жената, Осми март.
На неколку пунктови во Гостивар, полициски службеници им делеа на жените возачите,пригодни летоци, освежувачи за возила и цвеќе.
– Во флаерите што ги добиваа гостиварските дами-возачи поместени се повеќе совети, а кои се однесуваат на задолжително користење на сигурносен појас, прилагодување на брзината според условите, некористење мобилен телефон при возење, воздржување од консумирање на алкохол и максимална грижа за секој учесник во сообраќајот, наведуваат од СВР Тетово.
Денешните превентивни активности иницирани и спроведени од Отсекот за превенција и се во рамките на заедничката кампања „Вози одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје.