Полицијата 12 часа се обидувала да го идентификува телото: Се појавуваат нови детали за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга во нивната семејна куќа (фото)
Познатиот актер Џин Хекман е пронајден мртов заедно со неговата сопруга Бети Аракава во нивниот дом во Ново Мексико. И нивното куче милениче било пронајдено мртво.
Сè уште не е откриена точната причина за смртта. Сепак, локалните медиуми јавуваат, а пренесува Метро, дека нивните тела биле пронајдени во средата околу пладне по локално време, откако загрижен сосед повикал полиција, но тие биле идентификувани дури подоцна истата вечер.
Според некои медиуми, процесот траел речиси 12 часа.
Џин неодамна го прослави својот 95-ти роденден во јануари и со години се повлече од очите на јавноста. Последен пат се појави во филм во 2004 година во филмот Добредојдовте во Муспорт.

Кога го објави своето повлекување од светот на филмот во 2008 година, тој изјави:
„Не одржав прес-конференција за да го објавам моето пензионирање, но да, нема повеќе да глумам. Тие ми велеа да не го кажувам тоа во последните неколку години, во случај да се појави некоја навистина одлична улога, но јас навистина не сакам повеќе да го правам тоа“.
Џин и Бети поголемиот дел од своето време го поминуваа далеку од очите на јавноста. Минатиот април, за прв пат по многу години, тие беа забележани заедно во јавноста. Тие беа фотографирани како ја напуштаат Pappadeaux’s Seafood Kitchen во Санта Фе, насмеани и расположени по оброкот.
Сепак, тие не беа видени заедно 21 година пред тоа – последен пат заедно се појавија на Златните глобуси во 2003 година.