ПОЛСКА ГЛАСАШЕ ЗА ПРЕСВРТ !? Владејачката партија има најмногу гласови, но нема коалициски партнер за формирање Влада
Полската владејачка партија Право и правда (ПиС) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не успеа да добие мнозинство, покажуваат конечните официјални резултати објавени во вторникот, кои потврдија дека либералната опозиција би можела да ја формира следната Влада.
Националистичката и социјално конзервативна партија ПиС во неделата освои 35,38 отсто од гласовите, а либералната Граѓанска коалиција (КО) се најде на второ место со 30,70 отсто.
Десничарската партија Трет пат го зазеде третото место со 14,40 отсто од гласовите, Нова Левица доби 8,61 отсто, а 7,16 отсто од гласачите гласаа за крајнодесничарската Конфедерација.
Граѓанската коалиција, Нова Левица и Трет пат соопштија дека се подготвени да формираат коалициска Влада и да почнат разговори по објавувањето на официјалните резултати.
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, пред гласањето порача дека ќе и ја даде на победничката партија првата шанса да формира нова Влада.
Но, ПиС ќе се бори да најде партнери, а Конфедерацијата веројатно ќе добие премалку места за да помогне.
КО и неговите сојузници, исто така, треба да освојат јасно мнозинство во Горниот Дом на Парламентот со 100 места.
Три опозициски партии претставија една листа на кандидати за Горниот Дом.