Полска е подготвена за драстичен потег: „Украина не смее да…“

Полска е подготвена да го зголеми извозот на електрична енергија во Украина доколку словачкиот премиер Роберт Фицо ја исполни својата закана дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Киев, изјави неименуван висок полски функционер.

Полската влада е подготвена да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да го компензира секој недостаток во преоптеретниот енергетски систем на Украина, доколку Словачка донесе таква одлука, рече претставникот, според Блумберг.

Гаранциите на Варшава дојдоа во време на растечки спор околу идниот транзит на гас преку Украина.

Својата закана Фицо ја упати пред два дена, а речиси три години по почетокот на рускиот напад врз Украина, Братислава сè уште се потпира на евтиниот гас од руски Газпром, а со тоа ги поткопува напорите на ЕУ да ја намали зависноста од руските енергетски извори, наведува агенцијата.

Како што се додава, часовникот отчукува како што се приближува 31 декември, кога истекува сегашниот аранжман за испорака на гас преку Украина во Европа.

И покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека од јануари нема да дозволи транзит на гас кој е од корист на воената машина на Кремљ, тој сигнализираше дека ќе биде подготвен да транспортира гориво од други земји доколку тоа го побара Европската комисија, наведува Блумберг.

И покрај целта на ЕУ да ја прекине зависноста на Русија од фосилни горива до 2027 година, гасот не е дел од санкциите наметнати на Москва од страна на Унијата од почетокот на војната во Украина, што значи дека на компаниите сè уште им е дозволено да потпишуваат договори и да продолжат со увоз на гас доколку тие договори во согласност со регулативите на ЕУ.

Во февруари Европската комисија треба да објави стратегија со цел да се стави крај на увозот на енергетски производи од Русија.

Словачка продолжува да добива руска нафта преку нафтоводот Дружба што минува низ Украина, а Киев би можел да ги прекине тие испораки како можна контрамерка доколку Словачка го запре извозот на електрична енергија во Украина, изјави друг извор запознаен со ситуацијата, пренесе Блумберг.