– Полска ѝ ги испорача речиси сите ловци МиГ-29 на Украина, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.
Говорејќи пред новинарите во главниот град на Исланд, Рејкјавик, каде што се одржува Самит на Советот на Европа, Дуда рече: „Ние сме во авангардата на земји, по САД и Велика Британија, кога станува збор за трансфер на оружје во Украина.“
Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, минатата недела рече дека Полска е подготвена да ѝ ги предаде 10-те ловци МиГ-29 на Украина.
Во април Полска и Словачка станаа први западни земји што објавија трансфер на 41 МиГ-29 во Украина. Словачка прати 13 авиони, од кои четири се во оперативна состојба. Некои од овие авиони ќе се користеле за резервни делови. Авионите биле користени од Украинските воздухопловни сили пред почетокот на конфликтот.
Нема одлука за обезбедување на Украина со модерни авиони од Западот, како Ф-16, Грипен или Ф/А-18 Хорнетс.
Полска планираше да го спроведе трансферот на авионите МиГ-29 на Украина на почетокот на војната; Варшава истакна дека може да ги предаде авионите на САД или НАТО, кои потоа ќе донесат одлука да ги преместат во Украина.
Ловците беа користени во поранешна Источна Германија за време на Студената војна и беа наследени од Бундесверот – Германските вооружени сили. Во 2002 година Германија ѝ ги продаде на Полска. Во април Германија го прифати барањето на Полска да ѝ обезбеди на Украина пет ловци од советско производство.
Полска планира да ги замени авионите со купување на 48 јужнокорејски авиони ФА-50 и 32 авиона Ф-35А Молња II од американско производство.