Полски земјоделци фрлаа јајца кон канцеларијата на ЕУ во Вроцлав

 Полски земјоделци запалија факели, фрлаа петарди и ја гаѓаа со јајца канцеларијата на Европската комисија во западниот град Вроцлав, протестирајќи против мерките на ЕУ за борба против климатските промени, зголемувањето на цените и, како што велат, нелојалната конкуренција, особено од Украина.

Портпаролот на градскиот совет Моника Дубец изјави дека организаторите го прекинале протестот 15 минути по неговото започнување.

Према проценката на организаторот, вкупно имало околу 1.000 демонстранти и 500 трактори и други земјоделски возила.

На снимките на приватната телевизија ТВН24 се гледа како демонстрантите поминуваат по улиците носејќи знаме на Полска, транспаренти и факели.

Земјоделците се собраа пред седиштето на регионалната влада, каде запалија голем оган.