Жените ширум светот се опседнати со Вејд Вилсон, осудениот убиец, кој со својата привлечност и ладнокрвно однесување успеал да ги засени страшните злосторства што ги направил.
Жените ширум светот полудеа по затвореникот Вејд Вилсон, осуден убиец на смртна казна.
Иако беше осуден на смрт за двојно убиство, неговиот изглед и ладнокрвниот став предизвикаа огромно лудило кај обожавателите.
Многумина го оправдуваат само поради неговата привлечност, игнорирајќи ги страшните злосторства што ги направил.
Инаку, неговиот изглед е толку специфичен што многумина го споредуваат со ликот на Дедпул од филмот. Неговата глава е целосно истетовирана, па изгледа многу страшно и во таа смисла. Сепак, сите се согласија дека тој има изразито згодни машки карактеристики.
@wadewilsonus #court #murder #crimestories #truestory #truecrime #foryou #prisoner #wadewilson #wilson #savewadewilson ♬ original sound – WADE WILSON
Судијата Ник Томпсон го осуди Вилсон на смрт, по одлуката на поротата, во вторникот попладне. Вилсон остана мирен и без емоции за време на изрекувањето на пресудата. Неговата казна вклучува смртна казна за две точки од обвинението за убиство од прв степен, како и затворски казни за кражба и напад.
@wadewilsonus #court #murder #crimestories #truestory #truecrime #foryou #prisoner #wadewilson #wilson #savewadewilson ♬ original sound – WADE WILSON
И покрај тоа што беше осуден, жените низ целиот интернет не престануваат да ја изразуваат својата фасцинација со неговиот изглед. По изрекувањето на пресудата, Вилсон ладнокрвно побара од адвокатот да го праша судијата дали смртната казна може да се изврши што е можно поскоро. Неговата студена реакција во комбинација со блискиот однос со адвокатот ги подгреа гласините за можна љубовна врска.
Додека многумина се прашуваат кои се следните чекори, откако Вилсон ќе заврши со неповрзаните обвиненија, тој ќе биде префрлен во затвор во Флорида за да чека егзекуција. Затворениците како него се обезбедени со основни услови за живот, но со строги безбедносни мерки.
Иако законот на Флорида денес им дозволува на осудениците на смрт да избираат помеѓу електричната столица и смртоносната инјекција, фасцинацијата на јавноста со Вилсон расте. Во свет каде што изгледот може да го надмине моралот, овој случај е потсетник на опасната моќ на физичката привлечност.