Полудете го вашиот маж со овие секси трикови! Ќе одлепи за вас – сè ќе пука од страст

Мажите имаат ерогени зони, исто како и жените. Доколку сакате целосно да го излудите партнерот, обрнете внимание на овие 8 точки на телото.

Мажите, како и жените, имаат свои ерогени зони , а во продолжение дознајте кои се тие точки и како да му пружите незаборавен секс на партнерот. 

Устата

Устата е многу важна ерогена зона. Бакнувањето го зголемува нивото на допамин во мозокот, невротрансмитер кој ја зголемува желбата за секс.

– Може да се обидете да му поминете со јазикот преку неговите усни или лесно да ја грицкате долната усна – предлага сексологот Керол Квин.

Уши

Ако некогаш сте имале некој да си игра со вашите уши и ви се допаднало, тогаш има смисла дека и вашиот партнер ќе си игра. Во едно истражување, се покажа дека ушите се втората најсилна ерогена зона на машкото тело.

– Обидете се полека да ја поминете линијата на неговото уво со устата, лесно да ја грицкате или само да му шепнете за вашите фантазии – советува Керол за британскиот Сан. 

Тестисите

Кожата на тестисите е доста чувствителна и го поттикнува сексуалниот интерес кога лесно се допира. Но, тука треба да се воздржите од грицкање.

– Партнерот ќе смета дека цицањето, лижењето или благо стискање е многу секси – предлага сексуалниот тренер Чарли Гликман.

– Ставете ги рацете на неговите тестиси и потоа нежно свиткајте ги прстите над нив како да се обидувате да земете салфетка од подот – рекол друг експерт.

Вратот

Лесните бакнежи до вратот се многу еротски и брзо ќе го поттикнат вашиот партнер на секс. Подобра точка за стимулација е делот од вратот веднаш под линијата на косата, кој треба лесно да се бакнува со полуотворена уста.

– Комбинацијата на топлина и вибрации ќе поттикне силна желба кај вашиот партнер – објаснува секс експертот Емили Морс.

Брадавици

Во една неодамнешна анкета за американското списание Cortex, мажите признале дека стимулацијата на брадавиците е едно од најважните места за стимулирање на сексуалната желба.

Експертите за секс препорачуваат нежно цицање или лижење на брадавицата, како и истовремено допирање на пенисот за дополнително задоволство.

Врвот на пенисот

На врвот на пенисот има многу нерви и тоа место на машкото тело е најблиската верзија на женскиот клиторис. Затоа, без разлика дали ги користите рацете или среде орален секс, бидете сигурни дека вашиот партнер ќе ви се заблагодари ако се фокусирате на ова место.

Предниот дел од пенисот

Начинот на кој го допирате предниот дел од пенисот ќе влијае на задоволството што ќе го доживее вашиот партнер. 

Мажот ќе ужива повеќе ако вашиот стисок е цврст. Тоа е затоа што еректилното ткиво се наоѓа прилично длабоко под кожата, па затоа е потребен добар притисок.

Задник

И мажите имаат своја Г-точка. Тоа е жлездата на простатата, која се наоѓа на растојание од околу еден прст во неговиот задник. Сите мажи не се создадени еднакви, па постои шанса тоа да не му се допаѓа. Би било добра идеја да ги проверите неговите желби пред да се обидете.