Полјаците се подготвуваат за руски тенкови, купуваат 2.500 противтенковски ракети „Џавелин“ за 780 милиони долари
Стејт департментот донесе одлука да одобри евентуална продажба на 2.500 ракети за противоклопниот систем „Џавелин“ на Полска за 780 милиони долари.
Со цел дополнително да ги зајакне своите воени капацитети, полската армија планира да набави 2.506 ракети за системот „Џавелин“, како и 253 лансери. Оваа набавка претставува една од најголемите во областа на противтенковските ракети „Џавелин“, кои ја докажаа својата сигурност во Украина.
Имено, во текот на првите месеци од руската агресија, овие ракети беа од одлучувачко значење за запирање на руските тенкови и оклопни колони.
Набавката за Полска вклучува и обука, т.е. напредни симулатори, како и резервни делови, со што овој договор е вреден 780 милиони долари.
За потсетување, FGM-148 Javelin е американски преносен противтенковски ракетен систем кој користи систем „пукај и заборави“ со дострел од 2,5 до четири километри.
Се карактеризира со својата патека на лет и погодување цели одозгора, т.е. под агол од 90 степени или директно, како и кај другите противоклопни ракети.