Една нова студија покажа дека гледањето видеа на TikTok за екстремно слабеење може навистина да му наштети на вашето ментално здравје.
Поминувањето многу време на оваа социјална мрежа, а особено гледањето содржини кои промовираат анорексија, ја поткопува самодовербата на младите жени и го зголемува ризикот од нарушувања во исхраната, покажа истражувањето на Универзитетот Чарлс Стурт во Австралија.
„Нашето истражување покажа дека помалку од 10 минути изложеност на содржини кои промовираат анорексија на TikTok имаа непосредни негативни последици врз создавањето идеална слика за телото“, се вели .
Истражувачите исто така изјавија дека негативно психолошко влијание може да се случи дури и кога женските корисници не мора да пребаруваат ваков тип на содржина и ја користат оваа социјална мрежа само кратко време.
За борба против овој проблем, авторите на студијата препорачуваат построги контроли и регулативи поврзани со промовирање на анорексија, нарушувања во исхраната и содржина на TikTok која го промовира „идеалното“ тело.
„Во моментов се преземаат чекори за отстранување на опасната содржина, вклучително и блокирање на хаштагови како #anorexia. Сепак, постојат различни начини на кои корисниците ги заобиколуваат овие контроли и потребна е дополнителна регулација“, нагласија тие.