ПОМИНАЛА 20 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВО НА ЧЕТИРИ ДЕЦА! Случајот добил целосен пресврт, еве што се случи со најмалите

Нејзиниот адвокатски тим потврди дека сега ќе бара отштета.

На жената која некогаш беше опишана како „најлошата мајка во Австралија“  и беше поништена пресудата за убиство на своите четири деца. Врховниот суд на Нов Јужен Велс во четвртокот пресуди дека доказите што првично беа користени за да се утврди затворската казна на Кетлин Фолбиг „не се веродостојни“. Кетлин (56) беше помилувана и ослободена од државната влада во јуни, откако помина 20 години во затвор.  Фолбигова е среќна за оваа вест, но рече дека доказите за нејзината невиност се „игнорирани и отфрлани“ со децении.

„ Системот претпочиташе да ме обвинува мене отколку да прифати дека понекогаш децата можат да умрат ненадејно и неочекувано “, рече таа пред судот во четвртокот. Случајот Фолбиг е опишан како еден од најголемите грешки на правдата во Австралија, јавува Би-Би-Си.

Стануваше збор за смртта на нејзините четири мали деца Кејлеб, Патрик, Сара и Лаура – од кои секое ненадејно почина меѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 18 месеци. Обвинителите на нејзиното судење тврдеа дека таа ги задавила. Случајот се потпираше на посредни докази, користејќи ги нејзините дневници, кои никогаш не биле прегледани од психолози или психијатри, за да ја прикажат како нестабилна мајка склона кон бес.

Во 2003 година, таа беше осудена на 40 години затвор за убиствата на Сара, Патрик и Лаура и убиството на Кејлеб од небрежност. Подоцна, по жалба, затворската казна е намалена на 30 години. Претходно оваа година, голема истрага за нејзиниот случај заклучи дека постои разумно сомневање за нејзината вина, поради научните наоди дека нејзините деца би можеле да умрат од природна смрт поради неверојатно ретки генски мутации.

Нејзиниот правен тим потврди дека сега ќе бараат отштета во нејзино име, но не кажа колку. Случајот го привлече глобалното внимание и доведе до обвинувања дека правниот систем на Австралија бавно реагира на унапредувањето на науката. „Благодарна сум што модерната наука и генетика ми ги дадоа одговорите за тоа како умреа моите деца “, рече Кетлин. „Сепак, дури и во 1999 година имавме правни одговори за да ја докажеме мојата невиност“, додаде таа. „Обвинителите ги извадија моите зборови од контекст и ги свртеа против мене… Се надевам дека никој друг никогаш нема да го трпи тоа низ што поминав.