Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Ото Педерсен, истакна дека итната реакција во Сирија „не треба да се политизира“ по „еден од најразорните земјотреси што регионот го видел во околу век“.
Обединетите нации денеска објавија дека добиле гаранции дека денеска ќе пристигне помош во областите во северозападна Сирија погодени од земјотресот преку единствениот премин одобрен од Турција.
„Денес се уверивме дека ќе можеме да добиеме прва помош“ преку преминот Баб ал Хава, изјави во Женева специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.