Помошта на Пентагон за Украина повисока за 6,2 милијарди долари

– Американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ја покажале вредноста на помошта за Украина во оружје и опрема повисока за 6,2 милијарди долари.

Заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на прес-конференција рече дека тоа овозможило поголема воена помош за Украина без американската администрација да бара дополнителни средства од Конгресот.

Синг додаде дека Пентагон ја преценил финансиската вредност на опремата испратена во Украина за 2,6 милијарди долари во 2022 година и 3,6 милијарди долари во 2023 година.

Таа изјави дека овие погрешни пресметки нема да предизвикаат никакво нарушување во планирањето на буџетот наменет за помош на Украина.

Според податоците кои американскиот Стејт департмент ги објави на 14 јуни, заклучно со јануари 2021 година, САД ѝ обезбедиле на Украина вкупно 42 милијарди долари воена помош, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје и беспилотни летала камикази.