Популарна играчка се повлекува ИТНО: Девојчињата ја обожаваат, но зад сето тоа постои сериозно предупредување
Популарната играчка за девојчиња се повлекува од пазарот.
Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на детска играчка и нејзино повлекување од пазарот.
Во известувањето се наведува дека станува збор за сет фигури од серијата „Моето мало пони“, различни модели на играчката: светло портокалова со тиркизна грива и опашка, светло сина со шарена грива и опашка, виолетова со розова грива и опашка, секоја со различни додатоци.
Производот се повлекува од пазарот поради хемиски ризици и потенцијална опасност за потрошувачите.
– Главата на играчката, изработена од пластичен материјал, содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност до: 33% од тежината). Овој фталат може да му наштети на здравјето на децата, предизвикувајќи евентуално оштетување на репродуктивниот систем, се вели во соопштението.
Што е бис(2-етилхексил) фталат (DEHP)?
Бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) е фталат , хемиско соединение кое широко се користи како пластификатор, особено во ПВЦ (поливинил хлорид) материјали. Се додава во пластиката за да ја направи пофлексибилна и потрајна.
Се наоѓа во кабли, подови, тапети, амбалажа, медицински цевки, играчки и многу други пластични производи.
Здравствени ризици
Познато е дека DEHP го нарушува хормоналниот систем (ендокрини нарушувања), може да предизвика оштетување на репродуктивниот систем, особено кај децата, може да влијае на развојот на фетусот за време на бременоста и е класифициран во ЕУ како токсичен за репродукција (Repr. 1B).
Поради овие ризици, Европската Унија ја ограничи употребата на DEHP во играчки и детски производи, а во многу случаи и целосно ја забрани.
Производите што содржат повеќе од 0,1% DEHP по тежина не смеат да се пласираат на пазарот на ЕУ во одредени категории, објавува Телеграф.