Популарна српска актерка паднала на снимање и ги скршила двете раце: “Одев по тепих со штикли и се заглавив…“

Српската актерка Ива Штрљиќ вчера доживеала голема несреќа во која ги скршила двете раце. Имено, Ива Штрљиќ паднала за време на снимањето на новата серија на која работи, а колегите веднаш и помогнале.

Ива снимаше нова серија и иако сцените не беа многу напорни, се сопна, падна и доживеа несреќа. Сите од сетот трчаа, а Ива болно стенкаше – веднаш се виде дека не и е добро. Набрзо пристигна помош, таа беше однесена во итната медицинска помош каде докторите и ги сликале рацете и се испоставило дека има скршеница. Таа е во гипс и сега одмара“, изјавил извор близок на актерката, а добро познатата 46-годишна актерка го потврди текот на настаните.

Моментално таа се опоравува во болница и чека операција, пишува Blic.rs.

И покрај сето тоа, штом заврши операцијата, веднаш ќе продолжам со снимање на серијата со гипс. Нема да дозволам да ми трпи работата поради оваа ситуација. Вчера бев навистина исплашена и под стрес, а сега сум малку подобро, но ме боли“, рекла актерката која, како што тврди, на високи потпетици го преминувала тепихот и паднала.

Инаку Ива Штрљиќ е ќерка на познатиот хрватски актер Милан Штрљиќ.