Популарниот актер Ричард Луис објави тешка дијагноза: Поради болест ја напушта омилената професија (ВИДЕО)
Тој им се обрати на фановите на социјалните мрежи
Комичарот и актер Ричард Луис на социјалните мрежи објави дека завршил со својата стенд ап кариера.
Тој објави дека бил принуден на овој чин по дијагнозата на Паркинсонова болест и неколку години во кои биле вклучени различни операции.
Во видеото кое го објави на Твитер најави дека сега ќе се фокусира на глумата и пишувањето.
Обиколка на животот
Ричард Луис изјавил дека на половина пат од неговата стенд-ап турнеја пред три години сфатил дека завршил со турнејата. Потоа следеле операции на рамена грб и колк.
– Лоша среќа, но тоа е животот – рекол актерот.
Паркинсоновата болест е само додадена на оваа црна низа.
– Го добив доцна во животот. Полека напредува. Завршив со стенд-ап, но продолжувам со пишување и глума. Имам Паркинсонова болест, но со медицинска нега и се е во ред – им рекол актерот на своите фанови.