Поради вереничкиот прстен девојката помина низ пекол: По венчавката случајно ја дознала шокантната тајна, па решила да сврти нов лист (ФОТО/ВИДЕО)
Свршувачката е еден од најромантичните и најпосебните настани во животот на секоја личност. Без разлика на форматот во кој се одвивал, девојките и мажите уште од мали нозе сонуваат за овој чин.
Сепак, работите можат да станат доста комплицирани на многу начини. Така, една девојка од Тик Ток ги шокираше сите кога откри дека нејзиниот веренички прстен има прилично бизарно минато.
Тајната ја дознала случајно
Блејк била воодушевена кога добила дијамантски прстен од својот вереник, но немала поим какво минато крие, дознала дури по венчавката.
За свршувачката добила прстен, кој тогашниот вереник и’ го подарил на поранешната девојка. Меѓутоа, бизарните работи не завршиле кога тој и’ открил дека прстенот сама го избрала и дека е дизајниран по нејзина желба.
Помина низ пеколот за прстенот
Блејк открила и дека од својот вереник побарала посебен прстен за кој сонувала уште од детството, но тој и’ рекол дека е прескап и дека ќе мора да најдат друга опција.
На ова пеколно искуство на девојките не останаа имуни ниту корисниците на социјалните мрежи. Во коментарите, многумина набрзо рекоа дека едноставно не можат да поверуваат дека партнерот воопшто ја спомнал потанешната девојка, дека ќе мора некако да го поправи тоа и дека им е жал што ја повредил.
Други ја советувале да го напушти сопругот бидејќи тоа е само показател како ќе изгледа нивниот брачен живот, дека тоа е знак за предупредување, но и дека треба да избере нов прстен.
Таа реши да сврти нов лист
Сепак, Блејк не дозволи коментарите да ја поколебаат и сподели дека двајцата ќе изберат нов прстен, како симбол на нивната љубов и нов почеток во нивната врска.