Поради ДОКТОРСКА ГРЕШКА поминала 3 месеци во психијатриска установа! И давале ЕЛЕКТРО ШОКОВИ, а денес е ТОП МОДЕЛ (ФОТО)

И кажале дека ќе умре, родителите се простиле од неа

Луси Досон (24) од Линколн, од обичниот живот како студент и дружењето со пријателите дојде до тоа што била врзана во болнички кревет, борејќи се со потенцијално фатална болест.

Како од ведро небо, Луси имала две манични епизоди . Ја распарчила својата соба, почнала хистерично да се смее и да плаче, врескајќи дека никогаш нема да има момче. Нејзините родители притрчале да и помогнат, па ја однеле во болница, каде што била примена на психијатриското одделение. На патот до таму, Луси се обиде да скокне од автомобилот во движење и ги искинала сите завеси во чекалната во болницата.

Девојчето почнало да се пумпа со коктели од психотични лекови и нејзиното тело почнало да се гаси поради болеста на мозокот.

– Цело време веруваа дека имам нервен слом. Всушност, бев болна и секој ден можев да зборувам се помалку и помалку. На крајот станав кататонична – не можев ни да се движам – вели Луси.

До нејзиниот 21-ви роденден, во ноември, лекарите им кажале на нејзините родители дека умира . Ја сместиле на специјално одделение и таму била три месеци, додека конечно не ја добила точната дијагноза – енцефалитис (воспалителни состојби кои го зафаќаат мозокот и се предизвикани главно од вируси).

Во меѓувреме и примениле електрошокови кои и ги праќале преку мозокот, а нападите и биле толку интензивни што еднаш паднала од креветот и се изгорела на отворен радијатор.

Нејзе ѝ било дозволено да си оди дома за Божиќ, но не можела да оди и користела инвалидска количка . Во јануари и беше дијагностициран енцефалитис. Луси успеала делумно да се опорави и да го заврши факултетот, а подоцна ја забележал агент, кој ја навел да влезе во светот на манекенството.

Тој е многу страстен за претставување на лицата со посебни потреби во модниот свет, па и помогнал да се пробие, пренесува The Sun.